Дали кинеската компанија „Xiaomi“ ќе произведе полнач за мега брзо полнење на телефоните?

Instagram
Instagram

Една од работите за која постојано се дискутира и е една од главните теми кога станува збор за паметните телефони е брзината на полнење на батериите. Пред само две години, стандарните полначи имаа моќност од 30W или 40W, за денес да се случи технолошки скок кај полначите за напојување од 65W до 120W.

Unsplash

Тоа значи дека за целосно полнење на батеријата на паметен телефони, со капацитет помеѓу 4.000 и 5.000mAh се потребни 30 минути. Меѓутоа, сега, доаѓа нешто уште побрзо. Како што тврдат од „Digital Chat Station“, во 2021 година ќе може да очекуваме уште поголема брзина на полнење на батеријата.

Судејќи според објавата на социјалната мрежа „Weibo“, кинеската компанија „Xiaomi“ се очекува на пазарот да го претстави новиот полнач од 200W, кој ќе биде достапен следната година, пишува „AndroindAuthority“.

Полнењето од 120W веќе покажува фантастични резултати во тестовите. Ова мега брзо полнење успеа да ја наполни батеријата на телефонот „Xiaomi MI 10 Ultra“, со капацитет од 4.500mAh, за отприлика 21 минута.

Instagram
Instagram

Сепак, како потенцијален проблем може да биде големата топлина што се создава при такво брзо полнење, дали би можело да доведе до оштетување, односно деградација на самата батерија. Тоа го покажа и друг кинески производ „Oppo“, чиј полнач од 125W направи разочарувачки оштетувања на батеријата при толку брзо полнење.

Затоа, не е сосема сигурно дали следната година ќе можеме да ги полниме телефоните со полначи од 200W, бидејќи тие, барем во теорија, би можеле да создадат поголема топлина и да ги уништат батериите на телефоните побрзо од досегашните полначи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот