Дали храната може да помогне во борбата со коронавирусот

Фото: Профимедиа

Откако почна ширењето на коронавирусот во светот, многубројни научници и нутриционисти постојано се обидуваат да изнајдат некоја врска помеѓу храната и вирусот. Обидите од нивна страна се насочени кон утврдување на податоците дали одредена храна, доколку редовно се јаде, може да му помогне на човечкиот организам полесно да се избори со оваа инфекција.

Па така, сите научници во светот се согласни дека внесот на најразлични витамини кои ќе го зајакнат имунитетот е неминовен, но кога станува збор за различните видови храна и нејзиното влијание врз зајакнувањето на имунитетот и моќта на телото да се бори против вирусот, научниците имаат различен став по тоа прашање.

Едно такво истражување, околу можноста одредени видови храна да помогнат во намалувањето на последиците доколку некој заболи од коронавирусот, било направено и од група научници во Берлин. Тие дошле до заклучок дека процентот на смртност кај заболените од коронавирус е многу помал во земјите каде што луѓето традиционално јадат ферментиран зеленчук и општо ферментирани продукти како што се на пример јогуртот или киселото млеко.

Истражувањето го предводел научникот Жан Буске од берлинската универзитетска болница и тоа покажало дека стапката на смртност од коронавирусот е помала во земјите каде што се јаде традиционална храна која се базира на ферментиран зеленчук. Според нив, брзото темпо на живот кој наложува јадење на брза храна, наместо храна на која ѝ треба подолг период за да ферментира, помага во слабеење на телото, а со тоа и кон ширење на вирусот.

Во составот на голем број намирници се содржани антиоксиданти, а токму при процесот на ферментација се активираат таквите актиоксидациски компоненти. Сепак, некои намирници не можат да бидат подложени на процесот на ферментација, но производите од типот на млеко, овошје, зеленчук и месо можат да бидат подлегнати на таков процес.

За да се направи истражувањето, биле користени информации од европската база за потрошувачката на храна, Европската агенција за сигурност на храната (EFSA). Истражуван бил процентот на потрошувачката на различни кисели или закиселени намирници низ државите. Опфатени биле производите какви што се млекото, јогуртот, киселото млеко, маринираниот зеленчук…

Според добиените резултати, се покажало дека смртноста од ковид-19 се намалува за околу 35 отсто, за секој грам просечна дневна потрошувачка на закиселен зеленчук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот