ДАЛИ Е РАНЕТ МАЛЧАНСКИОТ БЕРБЕР: Се слушнало пукање во близина на Књажевац

Фото: Српско МВР

Во некои српски медиуми се појавила информација дека на брдата зад Књажевац дошло до престрелка помеѓу полицијата и Нинослав Јовановиќ наречен Малчански бербер.

Оваа информација ја објавиле и Књажевачки вести, наведувајќи дека се слушнале четири пукотници, како и дека се претпоставува дека бегалецот е погоден од страна на снајперист од полицијата кои го лоцирале со помош на жителите и ловци.

Сепак како што пренесуваат медиумите, се случила пукотница, но станува збор за пукотница која не е поврзана со овој случај.

Потсетуваме дека дванаесетгодишната Моника Каримановиќ исчезнала на 20 декември во 7.28 минути, точно 8 минути откако излегла од својата семејна куќа и тргнала кон училиште.

Во потрага за Нинослав Јовановиќ, познат како „Малчански бербер“, кој е киднапер и силувач и дванаесетгодишната Моника, ова утро се вклучени уште 100 припадници на полицијата.

На терен во овој момент се повеќе од 300 припадници на полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот