Дац и Александар Митевски задутре на „Макфест“ со нумерата „Ѓавол да те земе“ (ФОТО)

Утревечер и задутре во Штип се одржува 35-то јубилејно издание на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест 2020“. Првата вечер е ревијална и ќе се отпеат најголемите хитови од Макфест низ историјата на фестивалот, а задутре со почеток од 20:30 со директен пренос на МТВ ќе се натпреваруваат нови 24 композиции.

Фестивалот годинава поради корона пандемијата ќе се одржува на отворено на плоштад „Слобода“ во Штип. Помеѓу учесниците се и „милениците на публиката“, дуото Драган Спасов Дац и Александар Митевски кои ќе ја исполнат нивната нова песна „Ѓавол да те земе“.

Дац и Александар и минатата година настапија со нивниот хит „Уште ми фалиш“ и го освоија второто место, а песната беше дефинитивно најслушаната помеѓу двата фестивала. Оваа година популарното дуо е во придружба на дувачкиот состав Brasstet Skopje, а веќе во понеделник на 21 септември во клубот Tribeca во Скопје го промовираат и видео спотот на макфестовската „Ѓавол да те земе“, во продукција на Пикадо.

Дац и Александар по својот концерт во август на Античкиот театар во Охрид имаа серија настапи низ државата, а по Макфест ќе продолжат со својата „љубовна турнеја“ на барање на фановите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот