Дачиќ: Секој што има соодветна политичка тежина треба да учествува во дијалогот за изборните услови

epa08477154 Ministers of Foreign Affairs of Serbia Ivica Dacic gives statements to the media during the press conference with Ministers of Foreign Affairs of North Macedonia after their meeting in The City Assembly House in Nis, Serbia, 10 June 2020. EPA-EFE/DJORDJE SAVIC

Претседателот на Собранието на Србија, Ивица Дачиќ, денес оцени дека „секој што има соодветна политичка тежина“ треба да учествува во претстојниот дијалог за изборните услови, што, како што рече, е одредено со избори или резултатите од анкетите на јавното мислење, пренесе агенцијата Бета.

Тој потсети дека претходно имаше договор парламентарните и неколку други опозициски партии кои не беа застапени во Собранието на Србија да учествуваат во дијалогот со посредство на Европскиот парламент (ЕП).

„Сега имаме ситуација кога некои опозициски партии не влегоа во парламентот затоа што не го поминаа цензусот, додека некои ги бојкотираа изборите. Затоа мислам дека поканата треба да биде испратена до секој што има одредена релевантна тежина што ги квалификува да учествуваат во дијалогот“, рече Дачиќ за Радио телевизија на Војводина.

Тој оцени дека проблемот се јавува затоа што некои опозициски партии, пред сè оние собрани околу Партијата за слобода и правда на Драган Ѓилс (СПП), сметаат дека дијалогот треба да се води само меѓу нив и претставниците на владата.

„Тие сакаат да го намалат дијалогот на ултиматум што ќе им го дадат на властите овие неколку политичари“, рече претседателот на парламентот, додавајќи дека е „очигледно“ дека ќе има опозициски партии кои не прифаќаат медијација на ЕП.

Извор.Бета

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот