Дачиќ: Летувајте во Грција каде не сакаат, а не таму каде ни ги фрлаат автомобилите во море

Фото: EPA

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ и неговиот грчки колега Никос Дендиас, во Белград оцениле дека силната историска поврзаност меѓу двете држави треба да се претвори во цврсто партнерство.

На заедничката конференција за новинари, тие истакнале дека приоритет е дополнителното развивање на економската соработка.

– Јас постојано зборувам за тоа дека кога веќе Србите сакаат некаде да летуваат, подобро е да одат таму каде што се сакани. Не сме мазохисти па да одиме таму каде не мразат, каде или ќе треба да ги криеме регистарските таблички или ќе ни ги фрлат автомобилите во море – ијави Дачиќ, додавајќи дека тоа е негов личен, но и став како министер за надворешни работи.

Грчкиот министер додаде дека европскиот пат на Србија е важен фактор за мир и стабилност во регионот, а дека нивниот став по прашањето за Косово и натаму останува непроменет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот