Д-р Стефановиќ: Гледаме пациенти кои се добро следени и лекувани по осум недели и на крај сме ја изгубиле битката за секунда

Според директорката на Инфективната клиника во Скопје, Милена Стевановиќ очекувано е бројот на смртни случаи да биде поголем со оглед на бројката на новодијагностицирани и бројот на хоспитализирани пациенти.

– Ако ги следите и светските трендови ќе видите дека со зголемувањето на бројот на нови случаи и пополнувањето на капацитетите, бројот на смртни случаи расте. Она што ние го правиме е максимална транспаретност и отвореност кон јавноста во однос на секоја бројка, па и бројката на смртност. Се соочуваме со исклучително тешки пациенти на самиот прием кога е навистина тешко да се помогне и да се спаси пациентот, но исто така и гледаме пациенти кои се добро следени и лекувани по осум недели и на крај сме ја изгубиле битката за секунда, рече Стефановиќ во гостуување за ТВ 21.

Двајцата нагласија дека на ниту еден пациент не му е скратено правото да добие соодветна нега.

Во однос на типот на лекување, министерот Филипче посочи дека нема специфична терапија, туку се прави комбинација на лекови.

– Сè уште е ова болест која се лекува со комбинација на лекови врз основа на симптомите кои ги дава пациентот, рече Филипче.

За гужвите пред болниците и тријажните центри, министерот рече дека гужвите не се затоа што некој не работи, туку едноставно зошто лекарите не можат да постигнат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот