Д-р Никола Пановски: Граѓаните да не се трошат и да не проверуваат антитела по вакцинација

Професорот на Медицинскиот факултет доктор Никола Пановски за Слободен печат вели дека граѓаните нема потреба да се изложуваат на трошок и да проверуваат антитела после вакцинацијата. Приватните лаборатории за оваа услуга наплаќаат околу 2 илјади денари, но антителата, не се единствениот параметар кој покажува дека некој е заштитен од коронавирусот. Вториот параметар е клеточниот имунитет, кој нема да се види на тест за антитела, а кој е еквивалентно важен.

-Граѓаните што немаат антитела после втората доза од Синофарм, ќе бидат заштитени од тие граѓани што имаат антитела. Граѓаните не треба да испитуваат антитела и да не се оптоваруваат со тоа. Целта на вакцината не е индивидуално да се вакцинираме, туку да имаме колективен имунитет. Тие што имаат послаб имунитет да бидат заштитени од другите. Значи не треба да се испитуваат антитела. Тие дваесет проценти што немаат антитела, ќе бидат заштитени од осумдесетте проценти кои имаат антитела а можеби и се веќе заштитени. Не знаеме за тоа, зашто антителата се само еден знак. Можеби имаат клеточен имунитет, изјави професор доктор Никола Пановски за Слободен печат.

Вакцината на Синофарм е специфична бидејќи антителата од неа се развиваат дури шест недели по примањето на втората доза.

Доктор Пановски смета дека нема логика на граѓаните кои не развиле имунитет по две дози од оваа вакцина, да им се дава трета доза од Синофарм, зашто резултатот најверојатно ќе биде идентичен. Според него, кога во земјава ќе има големо количество вакцини, за половина година или една година од сега, на овие граѓани треба да им се понуди да се вакцинираат со трета доза, ама од друг производител.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот