Д-р Кунгуловски советува: Што треба да прават пациентите што се на домашно лекување

Генерално, лекарите упатуваат апели до граѓаните, посебно оние коишто се на домашно лекување веднаш да реагираат доколку им се влоши здравствената состојба – за да може да се изреагира навремено.

Прашањето е, како би знаел обичен човек, па и неговиот матичен лекар, дека здравствената состојба на пациентот е влошена без правење на редовни крвни, биохемиски и имунолошки тестирања во текот на болеста. Утврдување на субјективни симптоми е недоволно, бидејќи луѓето имаат тенденција да лажат или да се надеваат на најдоброто или, пак, непотребно да паничат кога зборуваат за нивните симптоми.

Мора да има објективни параметри за следење на состојбата. Само преку утврдување на различни параметри може да се направи едуцирана проценка како почнала, до каде е стигната и каде би можела да отиде болеста.

Има градација на влошување на здравствената состојба и еден тип на влошувања (на почетокот) може да се контролираат, други не може. Многу често кога самиот пациент ќе почувствува дијаметрално влошување на состојбата е доцна и болеста веќе излегла надвор од контрола. Имуниот систем станува незауздан и речиси ништо не може да го сопре.

За тоа треба добра логистичка инфраструктура и организираност.

Ги поздравувам апелите, ама ми делуваат на она стандардното, македонското – илузорно да се направи нешто колку да се рече дека е направено, колку да стои документирано дека е направено.

Пациенти на домашно лекување со ковид-19 добро би било да:
  1. Мерат и следат температура.
  2. Купат пулс-оксиметар и мерат сатурација на кислород. Ако е под 94 отсто, веднаш да се реагира.
  3. Мерат дишење, ако е повеќе од 30 пати во минута, веднаш да се реагира.
  4. Следат притисок во гради.
  5. Имаат постојан контакт со лекар.

(Фејсбук статус на д-р Горан Кунгуловски)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот