Д-р Гошева го раскажува своето искуство: Со сопругот го поминавме најтешкото сценарио, се вакциниравме во Ниш

Ирена Гошева фото архива на Слободен печат

Јас не гледам ништо среќно со Ковидот, особено што го искусивме со сопругот најтешкото сценарио, кога возевме до Ниш да се вакцинираме, тука немаше абер од вакцина, ниту абер од протокол и организација, напиша докторката Ирена Гошева, преку објава на својот Фејсбук профил и се обрати до сите оние кои се загрижени во врска со вакцинацијата.

-Денес е историски ден во борбата против COVID-19, вакцината Pfizer-BioNTech ( сега како Comirnaty) , доби FDA одобрение за сите лица над 16 годишна возраст, за превенција на болеста.
На сајтот на European Medicines Agency , во делот на safety updates , ќе може да најдете релевантни податоци за вакцината Comirnaty.
За жал во Македонија е уште еден во низата историски ден на починати од Covid, неадекватни мерки, како и да го напоменам тажниот слоган- “ За моментите на среќа- вакцинирај се” . Јас не гледам ништо среќно со Ковидот, особено што го искусивме со сопругот најтешкото сценарио, кога возевме до Ниш да се вакцинираме, па таму разглас, а тука ни абер од вакцина, ниту абер од протокол, ниту организација, само пресовите на #Венкоrealityshow.
Среќната околност ми беа колегите од Систина и од Германија!
По социјалните мрежи, народот прашува прашања, кој да се вакцинира, смее ли да се вакцинира, прашува дали е поголем ризикот од вакцина или не… На тоа дел од експертите се трудат колку можат да помогнат, а за разлика од таквите малкубројни, има еден не баш така мал број колеги со навреди кон народот , толкувајќи го нивниот страв и неизвесност , како идиотизам!
Научни дикусии се помалку, се повеќе copy paste постерчиња. Компјутерска операција со која мојата 9 годишна ќерка владее.
Тука сум на располагање на сите загрижени граѓани кои сакаат да се информираат. Ќе ги објаснам предностите / бенефитот наспроти ризиците од вакцината и секој индивидуално ќе си одлучи. Исто како што и индивидуално излегуваме да гласаме.
П.С јас поавтентично , ќе си го ставам вакциналното картонче како cover, ова ми е језиво со новиот слоган, пишува докторката Гошева.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот