Д-р Беќаровски: Набавете си комбинирани брзи антигенски тестови додека сè уште не поскапеле

Д-р Нико Беќаровски
Д-р Нико Беќаровски / Фото: Архива на „Слободен печат“ / Фејсбук, Нико Беќаровски

Проф. д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија, со објава на социјалната мрежа Фејсбук, апелира да се набават брзите комбинирани антигенски тестови Covid/InfluenzaA/B Combo test со кои ќе може многу полесно да се открие дали едно лице е заразено со ковид-19 или има инфекција на грип.

– Со доаѓање на есента и зимата, оваа година неминовно ќе нè заплисне и сезонскиот грип.

Затоа додека цените на тестовите сè уште не се скапи на светската берза, веднаш набавете ги брзите комбинирани антигенски тестови Covid/InfluenzaA/B Combo test, со кои на релативно евтин и временски краток рок ќе може веднаш да дијагностицираме болни од ковид-19 и сезонски грип.

За еден месец можеби ќе биде предоцна, стои во неговата објава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот