Црвениот крст и едукативниот центар ЦИПО организираат акција за донирање мед

Фото: МИА

Црвениот крст на Град Скопје и „Едукативниот центар за пчеларство и овоштарство“ ЦИПО организираат заедничка акција за а донирање на природен мед како лек за зајакнување на имунитетот на луѓето, што започнува од денеска.

За таа цел организаторите ги повикуваат сите пчелари и производители на мед да се вклучат во акцијата.

– Секој пчелар кој сака може да донира една или повеќе тегли сопствен природен мед. Акцијата започнува на ден 18.03.2020 година од 8 до 14 часот и ќе трае до 25 март до 14 часот. Доколку има потреба акцијата ќе продолжи – наведуваат организаторите.

Пчеларите и производителите на мед своите донации ќе може да ги доставуваат во Црвениот крст на град Скопје, односно во дневниот центар за стари лица во зградата на „Даре Џамбаз”, по што волонтерите и вработените на Црвениот крст ќе го распределуваат медот на оние на кои им е најпотребен.

– Бидете хумани, грижете се за своето и за здравјето на другите. Подетални информации може да се добијат на ФБ профилот на ЦИПО центарот, на телефон 070546177 или во Црвениот крст на Град Скопје – додаваат организаторите во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот