Црвениот картон на Ибрахимовиќ ја „уништи“ играта на Милан!

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Италијанските спортски весници го дефинираа црвениот картон на Златан Ибрахимовиќ против Парма во Серија А во саботата.

„Росонерите“ славеа на гостувањето кај Парма со 1:3, а Швеѓанецот поцрвене на овој меч при водство од 0:2 за неговиот клуб.

Иако 39-годишниот играч верува дека судијата Фабио Мареска не разбра што точно кажал Ибра, тој би можел да се соочи со суспензија од два меча и ги пропушти наредните дуели со Џенова и Сасуоло.

Тамошните медиуми го критикуваат напаѓачот на Милан за неговото однесување на овој дуел.

„Ла Гаѕета дело Спорт“ му даде оценка 4,5 од максимална 10 и пренесува: „Не се очекува такво слично однесување од играч како него“.

„Ил Кориере дело Спорт“ вели: „Неговиот црвен картон ја уништи играта на Милан. Голема грешка, неприфатливо од негова страна“.

„Тутоспорт“ додава дека тензијата на Ибра била „неоправдана“ и го оценува напаѓачот на Милан со 5,5 /10.

– Златан ми рече дека разговарал нешто со судијата некое време, но не покажа недостаток на почит и апсолутно не го навреди. Не сум разговарал со Мареска, значи не знам – истакна тренерот на Милан, Стефано Пиоли по вчерашниот натпревар.

Оценките на Златан Ибрахимовиќ од едни од најпознатите спортски весници во Италија:

„Ла Гаѕета дело Спорт“: 4,5
„Кориере дело Спорт“: 5
„ТутоспортА“: 5,5

ВИДЕО: Ибра поцрвене во победата на Милан

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот