ВИДЕО: Ибра поцрвене во победата на Милан

epa09127485 Parma's Mattia Bani (R) and Milan's Zlatan Ibrahimovic (L) in action during the Italian Serie A soccer match Parma Calcio vs AC Milan at Ennio Tardini stadium in Parma, Italy, 10 April 2021. EPA-EFE/ELISABETTA BARACCHI

Во натпреварот од 30. коло во Серија А, Милан како гостин ја совлада Парма со 1:3.
„Росонерите“ работата ја заршија уште во првото полувреме, по само осум минути игра Златан Ибрахимовиќ му асистираше на Анте Ребиќ за водство од 0:1.
Во финишот од првиот дел, на 2:0 зголеми Френк Кеси по асистенцијата на Тео Ернандез.
Во второто полувреме,  Ибрахимовиќ доби бизарен црвен картон. Во 60. минута, на средината на теренот беше досуден слободен удар за Милан и додека играчите се подготвуваа за продолжување на играта, судијата му покажа директен црвен картон на Ибрахимовиќ.

Предноста од играч повеќе, Парма ја искористи за да намали на 1:2 преку Галиоло, но не успеа да постигне уште еден гол со кој би го избегнала поразот, но затоа во 94. минута прими уште еден гол. Овој пат стрелец за „росонерите“ беше Рафаел Леао.
Милан по новата победа има 63 бода со кои се наоѓа на второто место, но има осум бодови помалку од лидерот Интер, додека Парма е претпоследна на табелата со 20 освоени бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот