Црна Гора со заем од 25 милиони евра ќе финансира развојна политика

Ова задолжување беше одобрено откако Црна Гора побара од Светската банка да обезбеди дополнителни средства за да се исполнат зголемените барања за финансирање на програмата за решавање на кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот.

Властите во Подгорица соопштија дека кај Меѓународната банка за обнова и развој ќе се задолжат со нови, дополнителни 25 милиони евра, пари кои државата ќе ги употреби за финансирање на развојна политика – отпорност на фискалниот и финансискиот сектор и ќе биде поврзан со гаранцијата на Светската банка од 80 милиони евра, врз основа на која Црна Гора неодамна позајми 250 милиони евра за 12 години и со каматна стапка од 3,63 отсто.

Предложен е рок на достасување до 25 години, вклучително и 5-годишен грејс-период и полугодишна рата за отплата.

Ова задолжување беше одобрено откако Црна Гора побара од Светската банка да обезбеди дополнителни средства за да се исполнат зголемените барања за финансирање на програмата за решавање на кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот