Цакај: Честитки за договорот меѓу СДСМ и ДУИ за формирање влада

Албанскиот министер за Европа и надворешни работи, Гент Цакај во телефонски разговор со генералниот секретар на ДУИ, Артан Груби, го поздравил „историскиот договорот меѓу СДСМ и ДУИ за формирање влада кој овозможува за првпат Албанец да биде премиер”.

-Искажав мои најискрени честитки за историскиот договор што ќе овозможи за првпат премиер Албанец во Северна Македонија, дури иако само 100 дена како почеток, напиша Цакај на Фејсбук.

Тој исто така, наведува дека освен тоа што претседателот на Собранието ќе продолжи да биде Албанец, останува историско достигнување дека дипломатијата на Северна Македонија ќе ја води Албанец „што е потврда за зајакнувањето на албанскиот фактор”.

Според Цакај, денешниот договор отвора невиден хоризонт за јакнење на Албанците и развој на демократијата во Северна Македонија.

-Честитки до сите Албанци и посебна благодарност до Али Ахмети и Артан Груби за вредната работа што ја направија во однос на зајакнување на албанскиот фактор, демократија и внатрешен развој и евроатлантски процеси во Северна Македонија, посака министерот Цакај, кој по потекло е од Косово.

На крајот шефот на албанската дипломатија гарантира дека со Северна Македонија ќе продолжи одличната билатерална соработка и заедничката работа во рамки на НАТО и кон членството во Европската  Унија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот