Црна Гора минатата година ја посетиле 2,6 милиони гости, најмногу од Русија и Србија

Бар Црна Гора/ Фото: justaa / Alamy / Profimedia

Црна Гора минатата година ја посетиле 2.613.306 туристи кои ноќевале 16.389.279, а најголем број ноќевања забележале туристите од Русија и Србија, објави на својата веб-страница црногорската управа за статистика Монстат.

Од вкупниот број ноќевања во Црна Гора во 2023 година, 96,3 отсто од ноќевањата се на странски туристи, а на 3,7 отсто на домашни туристи, нагласува Монстат. Во структурата на ноќевањата на странските туристи најмногу ноќевале туристите од Русија со учество од 23,6 отсто и гостите од Србија со учество од 21,5 отсто.

На трето место по бројот на ноќевања во Црна Гора е Босна и Херцеговина со учество од 8,5 отсто. Во структурата на ноќевањата по типови туристички места, најмногу ноќевања во Црна Гора се остварени во приморските места и нивното учество е 94,3 отсто, пренесува Танјуг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот