Цистерната на ПОЦ ги мие улиците низ Центар

Фото: Општина Центар

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски најави дека ќе се наводнуваат садниците и ќе се мијат улиците и контејнерите низ општината, особено за време на екстремно високите температури. Вчера со цистерна се миеја улиците и контејнерите зад Универзалната сала во населба Буњаковец и кај основното училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“, а денеска ќе се продолжи низ Дебар Маало.

Години наназад не ги гледаме градските цистерни по улиците кои ја миеја прашината и ги освежуваа улиците. Прашината која не ја гледаме, но ја дишеме всушност е дел од севкупното загадување и затоа е неопходно нејзино миење. Цистерната на ЈП „ПОЦ“ секое утро и попладне особено за време на овој бран со екстремно високи температури ќе поминува во сите населби и ќе ги мие локалните улици – рече Герасимовски.

Цистерната на Општина Центар ги миеше улиците и минатата недела кога градоначалникот Герасимовски најави самостојно чистење на општината поради застојот на работата во градското претпријатие „Комунална хигиена“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот