Чупиќ: Нема време за плачење, мора да играме подобро од првиот натпревар

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Ракометарите на Вардар утревечер (18.45) ги очекува нова пресметка со Пик Сегед во Лигата на шампионите. Унгарскиот тим славеше изминатата недела, а еден од најискусните ракометари на „црвено-црните“ Иван Чупиќ се надева дека нема да се повторат грешките од натпреварот во Скопје иако е свесен дека е тешко да се игра на теренот на противникот.

– Првиот натпревар пред неколку дена беше неизвесен, имавме предност во завршницата, но направивме глупости и промашивме зицери. Нашиот противник е квалитетен и тоа го искористи максимално. Знаеме дека е тешко да се игра во Сегедин. Нема многу време за плачење и за подготовка. Го почитуваме ПИК Сегед, но ние сакаме да играме подобро од Скопје. Очекуваме да ги задоволиме очекувањата на нашите навивачи – вели Чупиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот