Чуме повторно избегна да дојде на судење

Љубиша Буха познат како Чуме денеска требаше да сведочи во процесот кој се води против двајца полицајци и двајца членови на Земунскиот клан. Ним им се суди под сомнение дека извршиле разбојништво во 1997 година, настан во кој Новак Стеваниќ (22) беше киднапиран, а потоа и убиен.

Сепак, Чуме не се појави во белградскиот суд. Покрај Чуме, денеска требаше да бидат сослушани уште неколку сведоци. Но, бидејќи обвинетиот Горан Ристиќ не се појави на рочиштето поради болест, главниот претрес е одложен за крајот на мај.

За првото киднапирање на земунскиот клан обвинет е и Никола Бајиќ, кој денес беше донесен од затворот „Забела“ каде издржува казна затвор од 35 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот