ЧУДЕСНИТЕ НАНЕ И МЕНТА: Топ 3 причини зошто да ги користите

нане мента

Нането и неговите варијанти што може да се најдат во природата не се користат само во кујната, туку и во козметички и здравствени цели.

Ментата, која е вид на нането е одличен извор на А, Ц и Б6, како и на минерали и калиум.

На овие начини можете да ги користите:

Пилинг за стапала

Направете освежувачки пилинг со тоа што ќе ставите неколку листови свежа мента во леѓенот со топла вода. За кратко ќе ги разлади стапалата и ќе ја ублажи болката во мускулите. Има и антибактериски својства, па ќе ве ослободи и од можните непријатни мириси.

Пилингот направете го на начин што ќе измешате една шолја шеќер, половина шолја маслиново масло, половина шолја исецкано свежо нане или мента и две лажици сомелени овесни снегулки. Измасирајте ги стапалата со смесата и потоа исплакнете.

За нега на коса

Антибактериските својства на нането и ментата можете да ги искористите за зајакнување на коренот на косата и за поттикнување на растот. Сварете чај од нане или мента и исплакнете ја косата откако ќе ја измиете со шампон.

Тоник за кожа

Ментата ја регулира ПХ-вредноста на кожата, а содржи и салицилна киселина која е добра за борбата против акни. Направете силен чај и еднаш во денот тонирајте го лицето со него.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот