Чизкејк во чаша: Брз и лесен рецепт без матење и печење (РЕЦЕПТ)

Чизкејкот, за многумина е омилениот летен десерт со лесна и вкусна текстура.

Денеска, Ви претставуваме лесен за припремање, но подеднакво вкусен рецепт за чизкејк, за кој не ви се потребни ни миксер ниту рерна.

Потребни состојки:

Основа или база:

• 50 гр. бисквити

• 25 гр. путер, омекнат на собна температура

Крем:

• 100 гр. густ јогурт

• 50 гр. свежо крем-сирење

• 75 гр. слатка павлака

• една лажица шеќер во прав

Прелив:

• 250 гр. шумско овошје

• една лажица шеќер

• една лажица цеден сок од лимон

Начин на подготовка:

1. Сомелете ги бисквитите и помешајте ги со растопениот путер. Смесата распоредете ја во 3 чаши за десерт и обликувајте ја со помош на лажица, а потоа ставете ги чашите во фрижидер додека го подготвувате остатокот од колачот.

2. Слатката павлака изматете ја со шеќерот во прав додека не добиете цврста структура, јогуртот измешајте го со свежото крем-сирење и додадете го во слатката павлака. Сите состојки нежно измешајте ги се додека не се соединат. Кремот додадете го врз подготвената подлога од бисквити и повторно вратете ја во ладилникот на околу еден час.

3. Во меѓувреме, исечкајте го шумското овошје на ситни парчиња и префрлете ги во тенџерче, додадете го шеќерот и лимоновиот сок и гответе на ниска температура околу 10 минути со постојано мешање. Смесата оставете ја да се излади, а потоа додадете ја врз вториот слој од крем во чашите. Вратете ги чашите повторно во ладилникот сѐ додека не ги послужите.

Совет:

Дозата на наведените состојки е доволна за 3 порции десерт или малку повеќе, во зависност од големината на чашите. Овошјето во преливот можете да го менувате по желба, но со крем-сирење најмногу одговараат киселкасти ситни плодови како вишни, малини, капини и сите видови бобинки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот