Чикаго ни прати Плејбој зајачици ноќта пред натпревар

твитер

Финалето во НБА лигата од 1998 година помеѓу Чикаго и Јура џез е тема на разговоро две децении подоцна.

Темата беше актуелизирана благодарение на „Посдледниот танц“, но во него Мајкл Џордан и неговиот Чикаго булс,  „замолчеа“ еден интересен детал кој го открива тогашниот центар на Јута, Ентоан Кар.

Кар открива дека војната помеѓу Чикаго и Јута не се водеше само на теренот, туку „биковите“ имаа скриен адут во Плејбој зајачици.

– Џордан и екипата исто така имаа обиди да ни ги пореметат подготовките. Луѓето од Чикаго секогаш се обидуваа да направат нешто што ќе ни ги оттргне мислите од натѕпреварот. Така една ноќ пред натпреварот се појавија Плејбој девојки со торта. Носеа мантили, а кога би ви дале торта и ќе ги соблечат мантилите тогаш…. Добредојдовте во Чикаго – раскажува Кар.

Иако девојките биле прекрасни и атрактивни, Кар вели дека успеал да одолее на нивните обиди да го одвлечкаат во кревет.
– Се понудија заедно да ја поминеме ноќта, но тоа не беше опција за мене. Нормано, кога сме синг и млад, единствена работа која ја сакате пред натпревар е преубава жена. Но, тортата беше многу добра – раскажува Кар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот