Четворица повредени во сообраќајка во Куманово

Вчера во 15 часот било пријавено дека во Куманово на улицата „11 Октомври“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.Н.(26) од Куманово, и патничко моторно возило „БМВ“ со српски национални ознаки, управувано од Ј.Ц.(46) од Република Србија.

Во незгодата со тешки повреди се здобила сопатничка од возилото „БМВ“, М.Ц. која била пренесена во Оопштата болница во Куманово. Со повреди се здобиле и уште две сопатнички од истото возило, како и возачот А.Н. и еден сопатник од  возилото „ауди“ кои биле пренесени во општатата болница во Куманово за укажување на лекарска помош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот