Четири сестри од Германија направиле игра инспирирана од коронавирусот

youtube

Четирите сестри Швадерлап решиле да го искористат времето поминато во карантин на многу креативен начин. Тие измислиле „board game“ со коронавирус тематика која предизвика вирален хит во Германија која периодов се продава во илјадници примероци.

Играта „Корона“ може да ја играат најмногу четири играчи, кои се натпреваруваат да ги купат сите намирници на списокот за постар сосед кој мора да седи дома поради вирусот.

youtube
Принтскрин / Youtube

Играчите собираат и разменуваат картички, а победникот е оној кој прв ќе ги испорача сите артикли. Пречки на патот вклучуваат средба со вирусот, кој ве испраќа во карантин, или насилниците кои веќе ги собрале сите тестенини или тоалети.

Основниот прицип е солидарноста… Но, секој од играчите може да одлучи да соработува со другите… или да им ја отежне работата блокирајќи им го патот со вируси“, вели 20-годишната Сара за „Reuters“ од семејната куќа во градот Визбаден во западниот дел на Германија.

youtube
Принтскрин / Youtube

Сестрите работеле на играта повеќе вечери за време на карантините предизвикани од коронавирусот во пролетта, постепено вметнувајќи повеќе елементи кои ги слушале од пресносите на вести за пандемијата.

youtube
Принтскрин / Youtube

Тоа беше акумулирање. Видовме за концертите на балконите од зградите во Италија и тоа го претворивме во една картичка во играта“, вели другат сестра Ребека.

Импресиониран од напорите на неговите ќерки, таткото Бенедикт Швадерлап одлучил да ја комерцијализира играта ангажирајќи уметник за дизајнирање картите, таблата и кутијата.

youtube
Принтскрин / Youtube

Досега продале 2.000 примероци и потпишале договор со продавница за играчки во Германија како секундарен дистрибутер на играта.

Бидејќи играта стана многу популарна, тоа беше прилично голем предизвик за нашата семејна операција – спакување и дистрибуирање на 500 игри за многу краток период. А сега побарувачката е огромна од цела Германија“, вели тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот