Четири лица се повредени откако втомобил излетал кај Агино село

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Четири лица се повредени од кои еден потешко откако автомобил од марката „сеат толедо“ излетал од патот во близина на Агино село.

„На 14.09.2023 во 14.35 часот во СВР Куманово било пријавено дека на автопатот Куманово-Скопје, во атар на с.Агино Село, кумановско, патничко возило „сеат толедо“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ч.М.(63) од Куманово, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобиле тројца сопатници, Г.Ј.(58) од Куманово, З.В.(60) од с.Проевце, кумановско и Л.Ј.(63) од с.Доброшане, кумановско, констатирани во Општата болница Куманово“, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот