Челзи потврди: Менди опериран, го чека рехабилитација

Фото: EPA-EFE/VINCE MIGNOTT

Голманот на Челзи Едуард Менди ќе отсуствува од терените одредено време бидејќи се опоравува од операцијата на прстот на раката, потврди денес лондонскиот клуб.

Менди го скрши прстот на тренингот оваа недела и ќе биде на рехабилитација додека целосно не се опорави. Во краткото соопштение од Челзи не е наведено колку време ќе му треба да се опорави.

Сенегалскиот голман во 2020 година дојде од Рен во Челзи за кој одигра 104 натпревари, но има и силна конкуренција од Кепа Аризабалага.

Британските медиуми шпекулираат дека Менди би можел да го напушти Челзи и во текот на јануарскиот преоден рок откако интерес за него покажале Милан и Јувентус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот