Челси со еден коментар на Твитер го уништи Конор Мекгрегор кој сакаше да ги купи „сините“

Конор Мекгрегор / фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

По изјавата на Роман Абрамович дека е подготвен да ги слушне понудите и да го продаде Челси, се огласи УФЦ ѕвездата Конор Мекгрегор.

Контроверзниот ирски ММА борец објави дека е заинтересиран да го купи Челси, кого Абрамович го проценува на три милијарди фунти. Прашањето кое медиумите го поставуваат е дали Ирецот има толку пари за да го купи клубот или неговата објава е само маркетиншки потег.

По најавата на Мекгрегор дека е заинтересиран да го купи клубот, се огласи и тимот за односи со јавност на Челси, кој со својот коментар го „уништи“ Ирецот.

„Благодарност до Конор Мекгрегор, но доколку сакавме луд Ирец со „жешка глава“ ќе го вработевме Рој Кин како менаџер“,  објави Челси на својот официјален профил на Твитер, но потоа ја избриша објавата.

Рој Кин е легенда на Манчестер јунајтед кој често на терените го покажуваше својот луд карактер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот