Челниците на екипите ме навредуваа поради суспендирањето на фудбалот

EPA-EFE/CLAUDIO PERI

Италијанскиот министер за спорт, Винченцо Спадафора,озјави дека челниците на екипите реагирале бурно на одлуката фудбалот во Италија да се суспендира на месец дена поради епидемијата на коронавирусот.

– Состојбата се менува од час во час и така и ние ги носиме одлуките. Никој од нас не знае што може да се случи денеска, а не пак да правиме долгорочни плаови. Единствено што е сигурно е дека во овие моменти не смее да има себичност која деновиве ја видов кај фудбалските функционери – изјави Спадафора и потоа додаде:

– Моравме да преземеме одговорност и да донесеме одлука фудбалот во Италија да се запре. Не ни беше лесно да се одлучиме на тој чекор, но властите не советуваа во таа насока. Нашата цел е здравјето на луѓето да биде најважно, но не наидовме на поддршка кај луѓето од светот на фудбалот. Одредени претседатели на клубови ми се јавуваа, ми врескаа по телефон и ми се закануваа доколку се одлучиме на тој чекор. Потоа, еден или два дена подоцна кога подетално увидоа колку е сериозна состојбата со коронавирусот, самите ми се јавуваа и бараа фудбалот да се запре.

Министерот е свесен дека прекинот на сезоната ќе има големи последици за целиот спорт, па така и за фудбалските екипи.

– Состојбата со епидемијата ќе остави трајни последици на сите сегменти во животот во Италија, па така и во фудбалот. Фудбалската федерација на Италија и клубовите ќе имаат големи финансиски загуби, но во овие околности паузата беше неопходна бидејќи здравјето е над се – порача Спадафора.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот