Чавушоглу во официјална посета на Скопје

Фото: МИА

Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу денеска и утре ќе претстојува во официјална посета на Република Северна Македонија.

Како што соопшти турското МНР, Чавушоглу во Скопје ќе има средба со својот домаќин, шефот на дипломатијата на Република Македонија Никола Димитров, како и со други официјални претставници.

На средбите ќе се разговара за билатералните односи, за можностите за зајакнување на соработката меѓу двете земји, како и за регионални прашања.

Посетата на Чавушоглу следува по минатонделната ратификација на Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО во турското Собрание, со што Турција стана 20-та земја која даде зелено светло за приклучување на земјава во Алијансата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот