Чаби Алонсо го продолжи договорот со Баер Леверкузен

фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Чаби Алонсо останува верен на Баер Леверкузен и ќе биде тренер на екипата до јуни 2026 година.

– Благодарност до Баер за довербата што ја покажа во мене – изјави 41-годишниот Шпанец, кој пред да се приклучи во Бундеслигата раководеше со младинскиот тим на Реал Мадрид и „Б“ тимот на Реал Сосиедад.

Леверкузен и оваа сезона ќе игра во групите на Лига Европа.

– Бевме во тешка ситуација и во Чаби видовме светска ѕвезда, но и неискусен тренер кој сè уште не водел врвен тим. Сепак, од почетокот бев убеден во неговата способност, а Чаби беше убеден во квалитетот на нашиот тим. Заедно го надминавме отпорот и го создадовме најдоброто од сите перспективи за Баер – вели спортскиот директор на клубот, Симон Ролфес.

Новата сезона во Бундес лигата ќе почне на 18 август, а следниот ден играчите на Алонсо во првото коло ќе го пречекаат Лајпциг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот