Централната банка на Русија ја покачи референтната камата од 9,6 на 20 отсто за да ја штити рубљата

Ruska centralna banka / Foto> EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Централната банка на Русија денеска ја зголеми референтната каматна стапка од 9,5 на 20 отсто годишно, со цел да се спротивстави на ризиците од губење на вредноста на рубљата и зголемувањето на инфлацијата.

„Надворешните околности за руската економија драстично се променија. Подигнувањето на основната стапка ќе овозможи зголемување на каматните стапки на депозитите до нивото потребно за неутрализирање на ризиците од растечката опасност од девалвација и инфлација. Ова ќе ја поддржи финансиската и ценовната стабилност и ќе ги заштити заштедите на граѓаните од девалвација“, се вели во соопштението на Банката на Русија.

Ова е највисокото ниво на референтни каматни стапки што Русија некогаш го имала. Претходното рекордно ниво од 17 отсто беше забележано во декември 2014 година.

Банката на Русија во неделата објави серија мерки за поддршка на домашниот пазар на капитал, со цел да се контролираат растечките последици од острите западни санкции воведени против Москва поради нападот врз Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот