Цело шпанско село продадено за 300 илјади евра!

Салто де Кастро/ ФотоBALLES2601/WIKIMEDIA COMMONS

Целото шпанско село Салто де Кастро, кое беше пуштено на продажба пред две недели, Оскар Торес од Толедо, го купи за 300.000 евра. Односно за 40.000 евра повеќе од бараната цена. Ова напуштено село кое се состои од 44 имоти, кафеана, црква, училиште, полициска станица, базен и спортски простор веднаш го привлече интересот на инвеститорите кои понудија 600.000 евра, пишува Телеграф бизнис.

– Добивме понуди од Саудиска Арабија, Русија, Бразил, Велика Британија… не контактираа инвеститори од повеќе од 20 земји во светот – изјави агентот за недвижности, што го пушти селото на пазарот. Меѓутоа, само неколку дена откако е пуштено на продажба, селото било продадено на сограѓанин, за околу 15 отсто повеќе од бараната цена, пренесува Спанишњустудеј.

Торес, кој има повеќе од 20 години искуство во градежништвото, има поддршка од чилеански инвестициски фонд за проект за рурален туризам планиран за напуштено село. Салто де Кастро се наоѓа на само три часа од Мадрид, а се продаваше по „симболична“ цена поради егзодусот на населението. Руралниот егзодус во Шпанија во последниве децении остави околу 3.000 напуштени градови и многу други со намалување на населението. Враќањето на животот во овие области е клучен предизвик за шпанските политичари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот