Бунт во Италија: Регионите сами одлучија да ги олабават мерките против коронавирусот

epa08393637 Workers sanitize a restaurant at Vittorio Emanuele Gallery in Milan, Italy, 30 April 2020. Countries around the world are taking increased measures to stem the widespread of the SARS-CoV-2 coronavirus which causes the COVID-19 disease. EPA-EFE/PAOLO SALMOIRAGO

Италија, една од најтешко погодените земји со вирусот ковид-19, воведе строги мерки за карантин на целата територија на државата на почетокот на март.

Премиерот на Италија, Џузепе Конте денеска изјави дека одлуките на некои региони да започнат со активности пред спроведување на одлуката на владата за олабавување на мерките кои се воведени против ширењето на коронавирусот во Италија, се „избрзани и нелегитимни“.

Региони во северна Италија, како Ломбардија и Венето, најавија дека ќе излезат од блокадата пред програмата на владата за постепено олабавување на рестриктивните мерки, додека во Калабрија веќе се отворија баровите и рестораните со маси и столчиња на отворен простор, иако е планирано овие италијански ресторани да бидат отворени од 1 јуни.

-Владата не може да обезбеди враќање веднаш на нашите претходни животи во нормала. Не можеме да дозволиме напорите што ги направивме да бидат залудни поради невнимание во оваа деликатна фаза-рече Конте во Сенатот, осврнувајќи се на борбата на Италија против коронавирусот, во кој починаа повеќе од 27.000 лица.

Италија, една од најтешко погодените земји од вирусот ковид-19, воведе строги мерки за карантин на територија на целата држава на почетокот на март, а од 4 мај жителите на оваа земја ќе уживаат поголема слобода на движење во регионот, додека постепено започнуваат и деловните активности.

Тој предупредува дека целосното отворање на земјата на 4 мај ќе „доведе до експоненцијален и неконтролиран раст на заразата“ и дека економските последици од вториот бран на епидемијата ќе бидат „полоши“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот