Булц: Формирањето на транспортната заедница за Западен Балкан доказ дека државите од регионот може да соработуваат

Фото: МИА

Формирањето на транспортната заедница на земјите од Западен Балкан е доказ дека државите од регионот можат да соработуваат. Тие преку канцеларијата во Белград ќе имаат пристап до европскиот пазар и можност да привлечат посигурни стратешки инвестиции. За Северна Македонија постојат три приоритети кои се исклучително важни, а тоа се железничкиот сообраќај, граничните премини и безбедноста на патиштата, оценува еврокомесарката за транспорт Виолета Булц во интервју за МИА.

Таа посочува дека Европската унија го поддржува железничкиот сообраќај бидејќи тој обезбедува поголема безбедност, намалување на загадувањето на сообраќајниот метеж и стратешка одбрана, а во однос на граничните премини вели декаМакедонија има дадено придонес преку соработка со соседните земји.

– Оваа соработка треба да се прошири низ целиот регион бидејќи е неприфатливо да има големи застои при транспортот на стока. Совладувањето на овие проблеми ќе биде почетна точка во совладувањето и на политичките спорови – истакнува Булц.

Додава дека подобрувањето на безбедноста на патиштата е еден од приоритетите на Европската унија и оти е неприфатливо колку луѓе гинат на патиштата во регионот.

– Мило ми е што минитрите потпишаа документ за целосно елиминирање на смртните случаи при несреќи на патиштата до 2050. Ние, ќе помогнеме ова да стане реалност не само преку подигање на нивото на свест, туку и преку обезбедување на инвестиции за подобрување на состојбата на регионалните патишта, вели за МИА еврокомесарката Виолета Булц, која денеска во Белград присуствуваше на отворањето на Канцеларијата на Транспортната заедница на земјите од Западен Балкан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот