Бухова: Веста дека се вршат работни дејности во конфекциите најостро ја демантирам (ВИДЕО)

Таа нагласи дека извршени се 100 тестирања, а во тек се 485 во веќе споменатите правни субјекти.

Заклучно со вчера, според податоците во Штип издадени се 55 решенија на лица инфицирани од Ковид-19 за домашно лекување и самоизолација и 169 решенија на лица за здравствен надзор и изолација по однос на контакти, изјави на денешната прес конференција доктор Ирина Сотирова-Бухова од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Таа нагласи дека извршени се 100 тестирања, а во тек се 485 во веќе споменатите правни субјекти.

– Осум решенија издадени на лица по основ позитивни на коронавирус за домашно лекување и самоизолација и 54 решенија за здравствен надзор во Тетово. До овој момент има 70 тестирања од планираните 150. Овие бројки се однесуваат само на позитивните и контактите кои се изолирани во конфекциите и правните субјекти во овие два града. Во оваа бројка не се кластери од фамилии и други позитивни лица. Правните субјекти покажаа исклучитлено во почитување на протоколите. Веста дека се вршат работни дејности во конфекциите најостро ја демантирам. Таму се присутни инспектори кои потврдуваат дека во просториите на одредените конфекции се врши тетирање, се земаат брисеви од вработените и присуството е само поради таа основа. Апелирам сите лица кои имаат добиено од решенијата исклучително да се придржуваат до препораките и да не ги напуштат домовите, во спротивно ова е казниво со закон. МВР да врши контрола на лица кои имаат едно од решенијата, а ние нив ги известуваме дневно за доставените решенија – рече Бухова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот