Бугарските плажи ќе се издаваат само на јавни тендери

Плажа на Црно Море во Бугарија/ Фото: EPA-EFE/VASSIL DONEV

Концесионерите со активни договори летово се подготвуваат за пораст на цените на опремата и додатоците за плажа во Бугарија. Управувањето со плажите на Црното Море ќе се одвива само преку аукции со јавно наддавање над однапред одредена почетна цена. Ова на посебна прес-конференција го соопшти министерката за туризам Зарица Динкова.

Веќе е изготвен список од дваесет плажи, за кои тендерите ќе се објавуваат етапно – 10 долж јужниот и 10 по северниот брег на Црното Море, информира бугарскиот портал „Сега“.
Според Динкова, давање под закуп на плажите преку аукции со јасно наддавање го означува почетокот на реформата за која сè уште нема политичка волја, но е мошне очекувана од секторот и општеството.

„Досега наддавањето беше тајно, бидејќи пликовите со предложената цена се чуваа во сефови во Министерството за туризам“, рече Динкова.

Во случај да се појави само еден кандидат, лицитацијата ќе се одложи за два часа, а доколку не се појави друг кандидат, ќе се распише нова лицитација. Закупот ќе биде на пет години, а поскапувањето на чадорите и лежалките ќе се дозволи само со нивото на инфлација.

Концесионерите со активни договори веќе се подготвуваат за пораст на цените на опремата и додатоците за плажа. Телевизиските извештаи покажаа дека неколку од нив ќе ги зголемат цените за најмалку 9,5% – колку што изнесуваше просечната годишна инфлација во 2023 година. Минатата година поскапувањето беше 15%.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот