Бугарски Фактор ги критикува властите: Зошто МНР молчи за предизборните провокации на ВМРО-ДПМНЕ?

Бугарија МНР/ фото: ЕПА

Или се работи за неизговорено лобирање во корист на ВМРО-ДПМНЕ (да не заборавиме дека главен финансиски спонзор на партијата е Орце Камчев , предложен за почесен конзул на Бугарија во РСМ и е на „црната листа“ на САД), нагласува бугарски Фактор.

Бугарски „Фактор“ остро го критикува МНР на Бугарија и властите во Софија поради нереагирањето на изјавата на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски дека е можно да се смени преговарачката рамка меѓу Скопје и ЕУ за да се одложи вклучувањето на Бугарите во Уставот на земјата.

-Ниту Министерството за надворешни работи, ниту претседателството не реагираат на неопределено одложување на промената, без која РСМ не би требало да ги продолжи преговорите за членство во ЕУ. Станува збор за предизборна манипулација направена од Муцунски, кој изјави дека „одложеното спроведување на уставните измени е легитимна алтернатива што ја нуди ВМРО-ДПМНЕ“, пишува Фактор.бг.

Весникот ја цитира изјавата на Муцунски која нагласи дека „од наша страна ќе бараме гаранции за македонскиот идентитет, јазик, но и гаранции дека нема да има билатерализација на евроинтеграциите“, со која навестува дека Бугарија нема да има право да ги штити своите интереси во текот на нивната интеграција.

Тој нагласи дека „ставот на ВМРО-ДПМНЕ за спорот со Бугарија е јасен, а тој е дека нема да има уставни измени во сегашните политички услови“.

Фактор.бг потсетува дека ниту идната влада на РСМ, ниту новата бугарска влада не би можеле да ја сменат преговарачката рамка со ЕУ, во која беше вклучен таканаречениот „француски предлог“ со вклучување на македонските Бугари во Уставот на земјата, а слични изјави се едноставно предизборни манипулации со цел враќање на ВМРО-ДПМНЕ на власт.

-Тврдењата на актуелната македонска опозиција од ВМРО-ДПМНЕ дека „со добра комуникација и дипломатска офанзива може да се постигне задоцнето спроведување на уставните измени“, се апсолутно лажни и антибугарски, но не наидуваат на отпор од бугарската страна на официјално ниво, пишува Фактор и додава дека односите меѓу Софија и Скопје целосно замреа во последните години, а вклучувањето на македонските Бугари во македонскиот устав е приоритетен услов за продолжување на преговорите со Брисел.

-Чудната нереакција од МНР доаѓа во позадината на повикувањето на амбасадорката на РСМ заради изјавата на претседателот Стево Пендаровски, кој се исмеваше со нереалните ветувања на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе ја натераат Бугарија да признае „македонско малцинство“. Доколку дојде до ваква остра реакција поради медиумска манипулација на политичари кои се цврсти поддржувачи на францускиот предлог, сегашниот молк на институциите во најмала рака е чуден. Или се работи за неизговорено лобирање во корист на ВМРО-ДПМНЕ (да не заборавиме дека главен финансиски спонзор на партијата е Орце Камчев , предложен за почесен конзул на Бугарија во РСМ и е на „црната листа“ на САД), нагласува бугарски Фактор.

Муцунски во неделата на програмската дебата насловена „Дипломатски хоризонти – реформи во политичкиот систем, стратегии за надворешната политика и дипломатија” кога беа презентирани сегменти од изборната програма „Платформа #1198″, рече дека доаѓа крај на попустлива надворешна политика и  најави евалуација на македонската дипломатска мрежа за да се види кој какви резултати постигнал доколку опозицијата дојде на власт и се формира влада на ВМРО-ДПМНЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот