Бугарската Влада ќе се консултира со ЕК за увоз на руската вакцина „Спутник V”

Фото: mia.mk

Бугарската Влада ќе се консултира со Европска Комисија за увоз на руската вакцината против ковид-19 „Спутник V”, јави дописникот на МИА од Софија.

Таквата одлука уследи откако опозициската Бугарска социјалистичка партија (БСП) и понуди на Владата во Софија да почне итни разговори за увоз на руската вакцина, но проектот беше одбиен како спротивен на Законот за лекови во хуманата медицина.

Заменик министерот за здравство Бојко Пенков на самиот почеток на сесијата на Здравствениот комитет на бугарскиот Парламент истакна дека е воведена централизирана европска процедура за вакцините. Тој го опиша предлогот на БСП како неприменлив.

БСП потсети дека Полска, Унгарија и Словачка увезуваат вакцини кои не се одобрени од Европската комисија за лекови (ЕМА).

Извршниот директор на Агенцијата за лекови во Бугарија, Богдан Кирилов, изјави дека националното законодавство на овие земји дозволува неовластен производ за итна употреба што не го дозволува ЕК, за разлика од бугарското законодавство, кое не дозволува такво решение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот