Бугарската влада ја доби довербата од пратениците

Против изгласувањето недоверба на Владата на премиерот Бојко Борисов се изјасниле 124 пратеници, додека 102 гласале „за”.

Бугарската Влада ја доби денеска довербата од пратениците на парламентарната седница, која ја побараа опозициските социјалисти, откако од ноември минатата година илјадници луѓе се погодени од недостиг на вода, што доведе и до масовни протести.

Против изгласувањето недоверба на Владата на премиерот Бојко Борисов се изјасниле 124 пратеници, додека 102 гласале „за”.

Социјалистите ја обвинија Владата, која стапи на должност во 2017 година, дека не успеала да спречи сериозен недостиг на вода во градот Перник во западниот дел од земјата, што доведе до оставка на министерот за животна средина Нено Димов.

Обвинителството го товари Димов за намерно лошо управување, бидејќи дозволил водата со која се снабдуваат околу 100.000 луѓе во Перник да се употребува за индустриски цели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот