Бугарската енергетика губи милијарди лева поради „Турски поток”, тврди технички министер

epa00576657 Russian President Vladimir Putin (L) and Turkish Prime Minister Recep Tayyip Erdogan (R) seen during the inauguration ceremony for the natural gas pipe line 'Blue Stream' from Russia to Turkey through Black Sea at Botas pumping station in Durusu village near Turkey's northern city of Samsun, Thursday, 17 November 2005. EPA/KERIM OKTEN

Техничкиот министер за енергетика на Бугарија, Андреј Живков и неговите заменици Александар Николов и Мирослав Дамјанов објавија дека бугарскиот енергетски сектор изгубил милијарди левови поради сомнителната профитабилност на проектот Турски поток.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според новото раководство на Министерството за енергетика, загубите се од бугарскиот енергетски холдинг (БЕХ).

Недостаток на каква било политика и стратегија во секторот; одложување на проблемите и слаба помош за нивно идно решавање од страна на старите или делумно обновени раководства на државните енергетски компании, ископани во последен момент од ГЕРБ.

Министерот Живков вети дека ќе презентира анализи за тековните инвестициски проекти на државните енергетски компании на Бугарија и особено на контроверзниот гасовод Турски тек до крајот на мандатот на привремената влада.

Привремениот министер ќе предложи нови проекти за финансирање според Планот за обновување и одржливост на ЕУ, како и план со конкретни чекори и решенија за решавање на огромниот дефицит во секторот.

Во меѓувреме, Бугарскиот енергетски холдинг ќе бара нов заем од 550 милиони евра за отплата на стар заем од истата сума, со рок на достасување во август. Исто така, ќе се бара рефинансирање за долговите на Националното електрично претпријатие кон Холдингот и државниот буџет, кои надминуваат  две милијарди лева (1 милијарда евра).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот