Бугарите провоцираат: Како може да свирите на химната на вашите баби и дедовци

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз од 0:1 против Бугарија го заврши настапот во Лигата на нации, а бугарските медиуми ја слават победата и провоцираат.

На Националната Арена „Тодор Проески“ 20.000 македонски навивачи го исвиркаа интонирањето на бугарската химна поради затегнатите односи меѓу двете земји поради притисоците што ги прави Софија пред започнувањето на преговорите на нашата држава со Европската Унија.

И покрај победата, Бугарите не престануваат провокациите упатени кон Македонија и сега се огласи поранешниот бугарски фудбалер, Станислав Ангелов кој упати директна навреда конн македонскиот народ.

– Јас лично се прашувам како можете да ѝ свирите на химната на вашите баби и дедовци. Целата работа е чудна, а пропагандата е многу тешка – рече Ангелов за бугарските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот