Бугарите атакуваат и на српскиот јазик: Во времето кога се формирал српскиот јазик Бугарите не беа Словени

Фото: ТВ ПРВА/ Screenshot

– Тие сакаат да ги уценат Македонците на ист начин на кој Македонците имаа проблем со Грција па и Бугарите сакаа да наплатат. Тоа е на сериозната платформа која ја негуваат, а тука се наоѓаме и ние, вели д-р Савиќ.

На книгата издадена од Бугарската академија на науките, реагираат и српските лингвисти зошто во неа се говори за бугарските корени на говорот во краиштата од Дунав до Гевгелија и од Копаоник до Тимок, Пчиња и Охрид, што тие го толкуваат како директна претензија на српскиот јазичен простор.

Пред две недели реагираа и македонските лингвисти, академици и професори на обидот од Бугарската академија на науките, македонскиот јазик да го смета како „северно македонски – бугарски јазик“.

Еве како д-р Виктор Савиќ од катедрата за српски јазик на Философскиот факултет во Белград го објаснува потеклото на српскиот јазик:

– Потеклото на српскиот јазик е како на останатите словенски јазици, односно потекнува од прасловенскиот народ кој постоел одамна и се распаднал во 10, 11 век. Кога дојдоа на Балканот говореа прасловенски јазик, а во времето кога се формирал српскиот јазик, Бугарите не беа Словени. Тие подоцна дојдоа на Балканот, припаѓаат на турска група на народи како и некои други номади. Долго се формирале и имале силна држава, царство, како и политички идентитет, а кога постои силна и голема држава, сите се идентификуваат со неа. Словените, кои чинат апсолутно мнозинство во тогашната држава, се испраќале во Бугарија и во процесот на асимилација се „слеале“ со Бугарите. Нашиот идентитет поинаку се формирал, исклучиво како српски. Бугарите граделе политички идентитет, како што и денес има случаи, на пример сите што живеат во Франција – се Французи, објасни Савиќ во интервјуто за ТВ Прва.

На прашањето зошто сето ова сега се појавува, д-р Савиќ одговори: „не можат нас да не избегнат, доколку сакаат да си останат доследни сами на себе“.

– Тие сакаат да ги уценат Македонците на ист начин на кој Македонците имаа проблем со Грција, па и Бугарите сакаат да наплатат. Тоа е на сериозната платформа која ја негуваат, а тука се наоѓаме и ние. Еден дел од српскиот говор што го нарекуваме призренско – тимочки дијалек, во средниот век се формирал на територијата на денешна Метохија. Со миграциите се развлекол на север и североисток, зафатил и дел од Бугарија, дошол до Софија, па и на северот од Македонија. Бугарите сметаат дека тие дијалекти личат на бугарскиот јазик, а тоа што генезата е врзана за косовско – ресавскиот дијалект, тоа нив не ги интересира, истакна Савиќ.

Савиќ истакна дека е важно да се разликува народниот говор и народниот јазик од литературните и стандардните јазици:

Савиќ додава и дека нешто не е во редв, кога за некој јазик се знае точниот датум на неговото настанување.

– Политичарот денеска посакува неговата нација да има свој јазик и ете го прогласуваат неговиот јазик, како на пример црногорскиот. На српскиот не му се знае ниту датумот ниту годината на раѓањето, како ниту на бугарскиот, објасни Савиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот