Бугарија ќе го тргне ветото за Македонија, најавува бугарски „24 часа“

Бојко Борисов/фото: Olivier Matthys / AFP / Profimedia

Во текот на следната недела се очекува компромис за спорот меѓу Македонија и Бугарија, така што Софија ќе добие гаранција дека во секое време ќе може да ја блокира Македонија откако земјава ќе ги почне преговорите, најавува бугарскиот весник „24 часа“.

Како што пишува медиумот, идејата на влијателни европски политичари е „да ѝ се гарантира на Бугарија дека нема повеќе да биде измамена“, но и на Скопје дека нема да ја изгуби шансата за полноправно членство во ЕУ.

Бидејќи повеќето наши барања, како што е отстранувањето на говорот на омраза во учебниците, не се нешта што се случуваат веднаш, Бугарија ќе има право на вето во секое време. Тоа може да се случи ако сите спорни прашања бидат вклучени во патоказот за членство на Македонија, што ќе го одобри Советот на ЕУ. Така, во случај на непочитување на договорите или неисполнување на која било од обврските, Софија во секое време ќе може да наметне вето“, пишува весникот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот