Будуќност е прв финалист во АБА лигата

фото: aba-liga.com

Кошаркарите на Будуќност се пласираа во финалето на АБА лигата откако во вториот натпревар од полуфиналната серија го 92:81 го совладаа Морнар.
Будуќност полуфиналната серија ја доби со 2:0, првиот натпревар заврши со триумф од 97:88.
Најзаслужни за победата се Џастин Кобс со 21 поен, Амадео Дела Вале со 17 и Вили Рид со 14 поени и девет скокови на кои им придодаде и пет блокади. Кај Морнар најпрецизен беше Дерек Нидам со 13 поени.

Првата четвритна донесе атомска кошарка, Морнар ја започна, а Будуќност ја прифати битката во транзиција која донесе одлични потези на играчите од двете екипи. Првата четвртина му припадна на Будуќност со 27:20, но во втората Морнар многу брзо фати резултатски приклучок и на одмор се замина со минимална предност од 52:50 на гостинскиот тим.
Будуќност подобро го започна и второто полувреме и успеа за прв пат да дојде до двоцифрена предност (67:57) која не ја испушти го крајот на натпреварот.
Будуќност во финалето на плеј-офот во АБА лигата ќе игра со подобриот од вториот полуфинален дуел Црвена звезда – Игокеа каде резултатот е 1:1 во победи, а мајсторката ќе се игра за четири дена.
ФОТО: АБА Лига

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот