„Брзо“ тесто за пица

Состојки:

500 грама брашно
250 милилитри јогурт
1 лажичка сол
1/2 кесичка прашок за печиво (по желба)

Подготовка:

Во длабок сад се мешаат состојките и се замесува тесто. Тестото се префрла на набрашена работна површина и се дели на неколку делови. Потоа од секој дел со помош на сукало се развлекуваат кори.

Кога ќе ги оформите подлогите за пица, добиените теста префрлете ги во претходно подмачкани тавчиња за печење.

Врз добиеното тесто за пица, се става кечап или доматно пире, а потоа и додатоците по желба како што се салама, кашкавал, маслинки, печурки…

Вака подготвените пици се печат во претходно загреана рерна и на 200 степени околу 15 минути.

Напомена: Доколку во тестото ставите прашок за печиво, во тој случај тестото за пица, развлекувајте го едно по едно, а не сите наеднаш, бидејќи прашокот за печиво ќе помогне пицата да нарасне па така ќе добиете подебела подлога за пица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот