Брзо, лесно и освежувачки: Вкусни летни такоси готови за 20 минути (РЕЦЕПТ) - Слободен печат
ЕспресоХрана

Брзо, лесно и освежувачки: Вкусни летни такоси готови за 20 минути (РЕЦЕПТ)

За денес подгответе малку поинаков ручек, превкусни такоси кои можете да ги подготвите за само дваесет минути.

Ви претставуваме рецепт за лесен летен оброк чија подготовка нема да ви одземе многу време, подгответе ги овие такоси.

Еве што се ви е потребно за подготовка на овој вкусен ручек:

  • 6 тортиљи
  • 80 грама тврд кашкавал
  • 500 грама пилешки гради
  • 100 грама грашок
  • 150 грама шери домати
  • пиперка
  • кромид
  • листови зелена салата
  • малку лимонов сок и маслиново масло

За преливот:

  • грчки јогурт
  • малку сецкан лук и див лук

Подготовка:

Исцекајте го пилешкото на тркалца и запржете го.

Исчистениот домат, кромид, пиперка и зелена салата исецкајте ги, помешајте ги со грашокот и зачинете ги со лимонов сок и маслиново масло.

Такосите загрејте ги на рингла и во нив додадете пилешко, целиот зеленчук кој претходно сте го помешале и коцки од тврд кашкавал.

На крајот сето тоа збогатете го со прелив од јогурт.

Сега ви преостанува само да уживате.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close