Брнабиќ: Има докази дека паралелната структура во МВР сакаше да го собори Вучиќ преку фармата со марихуана

Ана Брнабиќ, премиер на РС/Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Премиерката на Србија Ана Брнабиќ изјави денеска дека постојат „непобитни докази” дека „паралелна структура” во Министерството за внатрешни работи (МВР) сакала да го искористи случајот Јовањица и сопственикот на фармата каде беа пронајдени тони марихуана Предраг Колувија, за уривање на претседателот Александар Вучиќ, јави дописникот на МИА од Белград.

Таа оцени дека странските безбедносни служби се „очигледно” вклучени во аферата Јовањица, но и „дел од политичката опозиција”, на која, според неа, им било било овозможено во секое време да го коментираат случајот и да презентираат наводни докази.

-Страшно е што постоеше паралелна структура во МВР, која имаше таква моќ да уценува човек со неговата слобода за да го обвини Андреј Вучиќ (брат на српскиот претседател). Таа мрежа луѓе имаше за цел да го собори Александар Вучиќ, и наше е да утврдиме од кога ја добиле таа задача, изјави премиерка за ТВ Прва.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот