Брижит Макрон, контроверзната прва дама на Франција: Ми беше тешко, но научив да се носам со грдите коментари

Profimedia
Фото: Profimedia

Француската прва дама Брижит Макрон, за која многумина сметаат дека ги „влече конците“ и одлучува за судбината на Франција наместо нејзиниот сопруг Емануел Макрон, со својата животна приказна предизвика контроверзии откако се појави на политичката сцена.

Брижит Макрон / Фото: EPA-EFE/LUDOVIC MARIN / POOL MAXPPP OUT

Има моменти во животот во кои донесуваш некои клучни одлуки и за мене тоа беше една од нив. Разликата од 20 години меѓу нас беше толку неважна. Чувствував дека мора да ја живеам таа љубов, да бидам по секоја цена среќна“, изјави Бриџит Макрон за својата врска со Емануел Макрон.

Во кратки црти, доволно е да се каже дека Брижит и Емануел се запознале во времето кога таа била професорка во средно училиште, во кое учел тогаш 15-годишниот Емануел. Тогаш таа била во брак, имала деца, а нејзината ќерка Лоренс одела во ист клас со Емануел.

Нивната љубовна врска предизвикала вистински метеж. Сето тоа повторно излезе во јавност кога Макрон одлучи да се кандидира за француски претседател, но и во 2018 година, кога светлото на денот го здогледа неавторизираната биопграфија на Брижит Макрон.

Profimedia

Нејзината фамилија е сопственик на фабрика за чоколади, а она што го одбележало нејзиниот живот сиурно е смртта на нејзината сестра кога Брижит била тинејџерка. Во 1961 година нејзината постара сестра загинала во сообраќајна несреќа со својот сопруг и 6-годишната ќерка, а сето тоа наводно предизвикало траума кај Брижит, поради која околу себе „подигнала ѕид“ за да се заштити.

На 39 години добила понуда за работа од приватно католичко средно училиште и токму таму ја имала првата средба со момчето кое еден ден ќе и стане сопруг.

Разговорите со нејзините бивши ученици откриле дека Брижит не била вообичаена професорка која се држела до строгиот однос меѓу наставник и ученик, па често ги носела на претстави, ги слушала нивните мсилења, излегувала со нив.

Profimedia

Емануел Макрон во тоа време имал 15 години, а ја освоил со својот неверојатен интелект. Со текот на времето се зближиле, а потоа неговите родители дознале сè. За да го спасат семејството од „големата срамота“, но и да го оддалечат својот син од неа, го испрариле во Пазриз за таму да го заврши училиштето, надевајќи дека оддалеченоста ќе го опамети и дека Емануел ќе заборави на жената која е 24 години постара од него.

Брижит во периодот кога се гледала со тогаш малолетниот Емануел Макрон

Но тоа не им успеало. Додека биле разделени, Емануел и Брижит ја одржувале врската преку долги телефонски разговори и размислувале единствено за моментот кога повторно ќе бидат заедно, но и кога ќе стане полнолетен за да можат да го озаконат својот однос.

Дури 13 години биле во врска, за да се венчаат во 2007 година, кога Брижит му ставила точка на нејзиниот 20-годишен брак со банкарот Андерео Озиер.

Ми требаше долго време за да сфатам што точно се случува меѓу Емануел и мене, потоа да ризикувам сè и да му станам сопруга. Во сето тоа не сакав да го уништувам животот на моите деца, тоа едноставно не беше опција. Секако дека ги повредив, како и секое дете чии родители се разведуваат, но едноставно во еден момент сфатив дека Емануел е мојот живот, а тоа и тие самите го сфатија“.

Фото: Profimedia

Поради врската со ученикот Брижит веднаш станала свесна дека сите ќе и го свртат грбот, но веројатно тогаш не претпоставувала дека ќе ја напуштат и сите нејзини пријатели. Осудата на јавноста била толку силна што на мета се нашле и нејзините родители, угледни доктори, а кои жителите на Амиен ги третирале како „да имаат чума“.

Колку сето тоа отишло далеку зборува и податокот објавен во нејзината биографија, во која пишува дека минувачите плукале на нивниот праг и им праќале писма во кои ја осудувале нивната ќерка.

А како реагира на грдите коментари кои и денес не недостасуваат, Брижит признава и сама.

Со тек на време се научив да се носам со грдите коментари, иако ми беше тешко. Едноставно знаев дека тоа мора да помине. Има моменти во животот кога треба да се донесат клучни одлуки. За мене тоа беше нашата врска. Секако, појадуваме заедно – јас и моите брчки и неговата младост, но тоа е така. Да не одлучев дека годините не се важни, ќе го пропшуштев својот живот и никогаш немаше да бидам среќна.

Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот