Британската влада не им даде визи на родителите на Медведев

twitter.com/UbiTennisEng

Родителите на рускиот тенисер Данил Медведев нема да бидат во можност да го бодрат својот син на завршниот Мастерс во Лондон. Британската влада не им издаде виза на мајката и таткото на Данил Медведев.

Таткото на четвртиот тенисер на АТП листата, Сергеј Медведев изјави дека тој и сопругата уште на 28 октомври ја предадоа целата документација за виза во англиската амбасата во Париз и дека платиле дополнителна сума на пари за да се забрза процесот на издавање на визите.

– Поминаа девет работни дена и ништо. Ги загубивме резервациите за летот за Лондон, исто така ги загубивме и парите кои ги уплативме за визите, а плативме и дополителна сума за нашите апликации да бидат разгледани по брза постапка. Поради неизвесноста можам да кажам дека освен материјална штета претрпевме и голем стрес, а најтешко за нас и што синот остана без помошта од најблиските – изјави Сергеј Медведев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот